Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети
Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, Виктор Андонов.
Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа во змиските месеци.
- Затоа и пристигнуваат позитивните оцени, затоа што успеавме да ги амортизираме сите потенцијални ризици и шокови што ги наметна кризата со навремени мерки и исправни политики, изјави Андонов.
Потврда за енергетските политики што ги спроведува Владата, според Андонов, стигнала и од заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница во своето обраќање пред собраниската Комисија за економски прашања.
- Пред пратениците тој потенцираше дека Република Македонија има доста успешно ниво на имплементација на законодавството во енергетиката и кажа дека мерките што ги презема владата во целост се добри и неопходни мерки, како и тоа дека Македонија не е единствена што реагираше со субвенции и државна помош, изјави Андонов.
Поддршката од енергетската заедница, нагласи Андонов, е многу значајна и интенција на Владата е да ги разгледа сите препораки, многу сериозно и во иднина да ја продолжи одличната соработка.
Ново на Сител
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
