Андоновска: Филипче со своите изјави создава само паника меѓу граѓаните
![]()
Ситуацијата со корона вирусот му излегува од контрола на министерот за здравство, Венко Филипче. Наместо смирување на населението и превенција, Филипче со своите изјави создава само несигурност и паника меѓу граѓаните.
Остануваат многу дилеми меѓу населението, а Филипче не прави ништо по тоа прашање.
Министре, нејасно е зошто се обидувате да релативизирате, наместо уште при првата појава на вирусот во Кина, да се подготвите сериозно и да се организирате, како што тоа го прават сите останати држави?
Филипче вели дека има основи материјали, како маски, средства за дезинфекција, но сите луѓе се жалат. Овие основни работи како средства за дезинфекција на раце и соодветни маски кои треба да ги има вообичаено во и пред секоја здравствена установа и кои тој е лично должен да ги обезбеди, ги нема ниту сега?! Зошто министре? Зошто велите дека има, кога нема?
Зошто не се грижите да се набават овие основни средства да ги имаат сите од примарното здравство, матичните лекари па се до терциерното здравство, и болниците?
Зошто сите лица кои работат на граничните премини немаат опрема за заштита?
Како ќе се спроведува дезинфекцијата на јавните места како здравствени установи, јавен градски превоз и слично?
Имате ли министре, евиденција колку лица влегле во државава од најзафатените подрачја со корона вирус преку граничните премини и аеродромите и зошто немате контрола на истите?
Има уште многу прашања, но да почнеме од она што требаше да се знае и да биде уште одамна организирано.
Да имаше контрола на границите сега ќе немаше толку страв и паника кај граѓаните, а надлежните ќе имаа помалку работа. Превенцијата е и поевтина, од лечењето!
Одговори и одговорност треба да има зошто немало контрола на границата, и за тоа одговорен е токму министерот Филипче! Филипче потфрли со организација! На сета неорганизираност ќе се стави крај на 12-ти април.
Прес-конференција на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
