Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше работна средба со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.
Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и технолошкиот развој, соопшти кабинетот на Андоновски.
Во фокусот на разговорот бил претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, што ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје, а на кој ќе учествуваат високи претставници на земјите од регионот, меѓународни партнери, како и претставници од приватниот сектор.
Андоновски ја истакнал силната и континуирана поддршка од САД во процесот на дигитална трансформација на Македонија, како и важноста на заедничките активности што придонесуваат за унапредување на инфраструктурата, јакнење на безбедноста и економскиот развој.
- Оваа средба претставува значаен чекор напред во нашите заеднички заложби за дигитална иднина. Благодарни сме за партнерството со САД, кое е клучно за унапредување на реформите и градење на инклузивна и одржлива дигитална економија, оцени Андоновски.
Дигитализацијата останува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Македонија, а соработката со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави претставува важен двигател на напредокот во оваа област, стои во соопштението од кабинетот на министерот за дигитална трансформација.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
