Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година.
- Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко сценарио - роаминг од 1 јануари 2027 година, изјави Андоновски одговарајќи на новинарски прашања на настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан.
Тој потсети дека тоа е иницијатива на Европската Унија за намалување на трошоците за роаминг за граѓаните од Западен Балкан коишто ќе патуваат во Европската Унија и за граѓаните на Европската Унија коишто патуваат во земјите од Западен Балкан.
- И покрај дезинформациите дека сме биле исклучени, направивме сериозни напори и државата ги донесе, ја донесе потребната регулатива за да ги примени четирите директиви и регулативи на ЕУ и да овозможи бесплатен роаминг за граѓаните од Македонија кога ќе патуваат во Европската Унија. Законите, последната измена на Законот за електронски комуникации е испратена на Европската комисија на мислење, утврдена е на Влада и испратена. По позитивното мислење од страна на ЕУ, ќе биде донесена и во Собранието, истакна Андоновски.
Додаде дека во меѓувреме ЕУ започнува преговарачки процес, а од наша страна беше побарано номинирање на преговарачи во тој процес.
- Веќе ги номиниравме и очекувам дека прецизниот распоред на рокови ќе биде утврден од наредната недела, по состанокот во Тиват помеѓу ЕУ и Западен Балкан и ќе бидат дефинирани роковите што се на страната на Европската Унија. Што ќе содржи овој процес? Ќе содржи одобрување на законот, преговори, а потоа потпишување на договор налик на договорот за стабилизација и асоцијација од 2000-тата година, ЕУ со секоја држава поединечно од Западен Балкан, за постигнување на овој ефект. Ние сме подготвени кон тоа да влеземе веднаш, но роковите секако ќе зависат од Европската Унија. Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани, заклучи Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
