Андоновски: За три до шест месеци Центар за дигитални услуги во Прилеп

За три до шест месеци ќе стигнат првите дигитални услуги до граѓаните преку отворање на Центарот за услуги, а за две години до граѓаните ќе бидат достапни и сите најбарани услуги од администрацијата, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од Прилеп каде, во центарот на градот преку караванот на Министерството се промовира националниот портал uslugi.gov.mk
-Очекувам дека за три до шест месеци ќего отвориме Центарот за услуги кој ќе биде една собирна тичка каде граѓаните кои немаат дома електронски уреди, не знаат да користат, или немаат време, може да го посетат и нашите вработени ќе ги извадат услугите за нив, од најкористената услуга – изводот од матичната книга на родени, до уверението за државјанство, преку потврдите за неосудуваност, сите на исто место. Потоа, очекувам дека зоните за бесплатен интернет ќе бидат во фунција во наредните шест месеци и очекувам дека десетте најкористени електронски услуги во период од две години ќе успееме да ги реализираме во општина Прилеп, изјави Андоновски.
Пратеникот Дејан Проданоски рече дека програмата на Министерството за дигитална трансформација е остварлива и брза. Прилепскиот општински совет и досега ги има напрсвено првите чекори со пренесувањето на седниците во живо.
-Министерството размислува за дигитализација на сите совети и, ние, како општина Прилеп имавме еден чекор направено во однос на дигитализација и транспарентност.Преку донација на опрема почнавме да ги презентираме седниците на советот во живо. Верувам дека е реална замислата на Министерот да го доразвие министерството, да ги собере сите програмери во државава за интензивно да работаст и да ја олеснат работата на сите локални самоуправи, изјави Проданоски.
Бесплатната „ви-фи“ зона ќе биде поставена во центарот на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Тоа е европски проект кој се реализира во општините и, според Андоновски, Прилеп е во приоритетните градови.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
