Ангела Меркел официјално ја објави кандидатурата за четврти мандат како канцелар
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска официјално ја објави кандидатурата за четврти мандат на парламентарните избори следната година, соопштија извори од нејзината партија.
Меркел изјавила пред другите раководители на Христијанско-демократската Унија (ЦДУ), кои денеска заседаваат во Берлин, дека има амбиција да биде реизбрана како претседател на партијата на конгресот следниот месец, а потоа повторно да се кандидира за шеф на германската влада на парламентарните избори во 2017 година.
Германците повеќе месеци ја чекаат одлуката на Меркел, која е на власт од 2005 година, дали ќе се кандидира за четврти мандат.
Лидерката на ЦДУ се соочи со голем број проблеми во последните неколку месеци, како што се критики околу решавањето на мигрантската криза и намалување на рејтингот.
Официјалната изјава на Меркел се очекува во 19 часот по локално време.
Доколку Меркел победи на изборите во 2017 година и остане на власт цели четири години, тогаш таа ќе се израмни во времетраење на оваа функција во повоениот период со сопствениот политички татко Хелмут Кол, кој беше на чело на германската влада 16 години.
Ново на Сител
-
И оваа година Македонија ќе биде дел од саемот Винска визија на Отворен Балкан
-
Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца
-
Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку едно лице загина
-
Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај
-
Шпанската Ла Лига ќе му помогне на Црвениот крст во собирање помош за погодените од поплавите
-
Извештај на ЕК: Здравството во Северна Македонија еден од најголемите корисници на буџетот - инспекциските служби ранливи на корупција
-
Македонија и Бугарија се договорија - Со заеднички проект ќе ја градат железницата
-
СДСМ: Уште едно погазено ветување - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект