Ангела Меркел официјално ја објави кандидатурата за четврти мандат како канцелар
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска официјално ја објави кандидатурата за четврти мандат на парламентарните избори следната година, соопштија извори од нејзината партија.
Меркел изјавила пред другите раководители на Христијанско-демократската Унија (ЦДУ), кои денеска заседаваат во Берлин, дека има амбиција да биде реизбрана како претседател на партијата на конгресот следниот месец, а потоа повторно да се кандидира за шеф на германската влада на парламентарните избори во 2017 година.
Германците повеќе месеци ја чекаат одлуката на Меркел, која е на власт од 2005 година, дали ќе се кандидира за четврти мандат.
Лидерката на ЦДУ се соочи со голем број проблеми во последните неколку месеци, како што се критики околу решавањето на мигрантската криза и намалување на рејтингот.
Официјалната изјава на Меркел се очекува во 19 часот по локално време.
Доколку Меркел победи на изборите во 2017 година и остане на власт цели четири години, тогаш таа ќе се израмни во времетраење на оваа функција во повоениот период со сопствениот политички татко Хелмут Кол, кој беше на чело на германската влада 16 години.
Ново на Сител
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември