Ангелов: Активен само пожарот во Македонски Брод, сточарите и земјоделците да не палат стрништа и пасишта
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска изјави дека сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност. Ангелов упатува и апел до сточарите и земјоделците, од следната недела кога се очекува зголемување на температурите, да бидат внимателни со палењето на стрништа.
- Во Македонски Брод на некои места се уште може да се забележи чадење, а некаде и жешки точки. Овој пожар се одвива во два крака. Првиот крак во насока на селото Тажево и селото Брезница, вториот крак во насока на ловиштето Јасен. Утрово се испратени два полициски хеликоптери кои што го надгледуваат теренот и дејствуваат врз сите точки кои што покажуваат чадење или горење, изјави Ангелов.
Тој додаде дека на локалните пожарникари од Македонски Брод денеска им помагаат 40 припадници на Армијата, како и 30 припадници на полицијата. Од страна на ловиштето Јасен во гаснењето помагаат и вработените во ловиштето.
Ангелов информираше дека од страна на УХМР се известени дека од понеделник се очекува зголемување на температурата.
-Од тие причини апелирам до сите македонски граѓани, посебно до сточарите и земјоделците, да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар. Апелирам до земјоделците и сточарите да не ги палат своите стрништа и пасишта бидејќи можат да предизвикаат пожар, кој што покрај голема материјална штета, голема еколошка штета, може да загрози и човечки животи. Благодарност до сите оние кои овие денови учествуваа во гаснењето на пожарите, додаде Ангелов.
Ново на Сител
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?