Ангелов: Активни се уште осум пожари, 10 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола

Во текот на денов имавме вкупно 19 пожари, од кои 10 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, a во моментов имаме уште осум активни пожари, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Како што посочи, најтешка е ситуацијата во селото Тажево кај Македонски Брод каде има неколку изгорени куќи од кои поголем дел се напуштени, но има и куќи кои се користеле како куќи за одмор.
-Се наоѓам во селото Тажево. Сликата е тажна, изгорени се главно напуштени куќи, сепак, изгорени се и куќи кои сопствениците ги користеле. Овој пожар кај Тажево кај што сега се наоѓам е од страната на Брезница кон Јасен и гори многу силно, иако дејствуваме со хеликоптери и со унгарскиот тим од 40 пожарникари и 50 војници на нашата армија, сепак, и натаму е присутен. За жал гори квалитетна борова шума и исклучително тежок пожар за гаснење кој зафаќа голема површина, рече Ангелов.
На пожарот на Илинска Планина што гори неколку дена, посочи, утрово делувавме со три ер-трактори, но операцијата ја откажавме поради тоа што при фрлањето на вода се дигаше многу чад кој ја отежнуваа работата на пилотите и имаа намалена видливост. На терен се припадници на локалната ТППЕ, 10 вработени во Национални шуми и 50 волонтери.
-Над Косел пожарот ја менува својата динамика и се уште гори. Таму делувавме со два хеликоптери, и се наоѓаат 60 лица на земја. Градоначалникот во Охрид дава се од себе да го стави под контрола, истакна Ангелов.
Како што рече, денеска е активен и пожарот кај Богданци во близина на селото Фурка.
-Таму дејствуваме со шест ер-трактори, но пожарот и натаму е активен, гори сува треба и ниска вегетација. Се закануваше и на караулата, но благодарение на интервенција на припадниците на Армијата, мислам дека нема опасност повеќе, рече Ангелов.
Нагласи дека денеска на неколку пати морале да ги повлекуваат леталата, поради силен ветер.
-Планот се менува, и тој е еластичен во зависност од сликата на терен, рече Ангелов.
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
