Македонија
20. September 2025 - 16:55

Ангелов: Целосна контрола на пожарот над Батинци, имаме индиции дека е намерно подметнат

Имаме целосна контрола врз пожарот над селото Батинци, општина Студеничани, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Ангелов информира дека пожарот избил денеска, околу 13 часот и додаде оти се работи за силен пожар за кој, како што рече,  има индиции дека е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви поголема линија во долот.