Ангелов и Нацков го посетија мостот кај селото Уланци
Секој мост е исклучително важен и треба да се одржува редовно особено при поројни поплави кога притисокот врз столбовите е најсилен, истакна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов при посетата на мостот кај селото Уланци, со градоначалникот на Градско, Кире Нацков.
Посетата на Ангелов доаѓа по пријава на градоначалникот на Градско, кој на бројот за итни случаи на ЦУК пријавил дека кај столбовите на мостот има многу заглавени дрвја, гранки и друг материјал од поројните поплави од пред неколку дена.

- Градоначалникот Нацков го запозна Ангелов со состојбата на мостот покажувајќи неколку видливо напукнати носечки столбови на самиот мост. Во моментот на посетата, беше евидентно дека речиси целиот нанесен материјал е отстранет од столбовите на мостот, освен на едно место каде е заглавено големо откорнато дрво со гранки, известуваат од ЦУК.

Мостот кај с. Уланци, до Градско, е изграден во 1973 година од Југословенската Народна Армија (ЈНА) и е важен за локалното население од двете страни на Вардар.
- Најголем проблем при надоаѓање на Вардар биле големите дрва и гранки што ги носи водата, а се заглавуваат на и помеѓу столбовите на мостот со што се зголемува притисокот врз столбовите. Најблискиот мост е оддалечен десетици километри и се наоѓа кај с. Ногаевци, поради што овој мост кај с. Уланци за локалното население е од огромно значење, потенцираат од ЦУК.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
