Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро.
На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од доброволци од Битола, а дополнително се ангажирани и доброволци од Кочани и Виница.
Главна задача во текот на ноќта, според Ангелов, ќе биде заштитата на селото Крушевица, кое се наоѓа на неколку километри од пожарот.
Тој посочи дека гаснењето на огнот го отежнуваат високата сува трева и ветерот, кој постојано дува. Во интервенцијата биле ангажирани и „ер трактори“ на ДЗС, кои успеале да прекинат дел од огнената линија и значително да го намалат делот што го загрозува блискиот манастир и селото.
Ангелов оцени дека пожарот во Мариово во моментов е најголем активен пожар во државата.
Тој информира дека пожарот на подрачјето на Старо Нагоричани е ставен под контрола, додека кај селото Слеп останале само остатоци од огнот.
Во однос на последиците од пожарот во Чаниште, Ангелов појасни дека куќите што изгореле синоќа биле одамна напуштени.
– Не изгоре ниту една куќа во која што активно живеат луѓе, посочи Ангелов, додавајќи дека десетината жители на селото се вратиле во своите домови.
Сепак, како што посочи, постои можност да е изгорена и некоја куќа која сопствениците ја користеле како викендичка или за повремен престој.
MИА
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
