Македонија
10. August 2021 - 11:16

Ангелов: Се уште не е пронајдена жената која изгоре, се надеваме дека успеала да побегне од огнената стихија

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, на денешната прес-конференција информираше дека сè уште не е пронајдена жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане.

-Немаме одговор дали жената е побегната, и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор, таа е единствена потенцијална жртва засега. Изразуваме сочувство до семејството за жената доколку е почината. Одвнатре се надеваме дека е жива и дека благовремено успеала да побегне од огнената стихија, рече Ангелов.