Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи.
Тој на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, посветена на состојбите со гостиварскиот водовод, одговарајќи на прашање за состојбата со водата во Крушево нагласи дека веднаш по информацијата дека и водата во крушевскиот водовод не е исправна, разговарал со крушевскиот градоначалник.
Притоа бил информиран дека, поради прекин на електричната енергија, околу еден час не работел уредот за хлорирање на водата.
-Затоа случајот во Крушево ни оддалеку не е сличен на она што се случуваше во Гостивар. Веднаш по тој еден час, тој уред што внесува хлор во градскиот водовод продолжил со работа и очекувам состојбата таму веќе да биде целосно стабилизирана. Сепак, повеќе информации треба да се побараат од локалната самоуправа. Повторувам, немаме појава на луѓе што се жалат на здравствени симптоми и воопшто не треба да се споредуваат овие два случаја - истакна Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
