Македонија
14. јуни 2022 - 9:20

Ангелов за испратената помош на Заев за Украина: Следната пратка да ја направи во земјава

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја поздрави испратената помош за Украина, од страна на фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Во Украина беснее војна, таму има многу гладни луѓе. Се сложувам дека таква помош е потребна и во Македонија. Но еве, да го повикаме поранешниот премиер, следната пратка да ја направи во земјава, рече вчера Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“, како одговор на прашање од водителите.

Поранешниот премиер Зоран Заев вчера објави дека преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испратени се 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.