Ангеловска: Ќе се поттикнува купување на домашни производи со поголем поврат на ДДВ
Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%. Ова е утврдено со владина уредба донесена вера, во насока на поттикнување на купување на македонски производи во насока на ревитализирање на македонската економија.
-Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите...на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, а сега навистина им е потребна нашата поддршка. Таа поддршка можеме да им ја дадеме, така што наместо странски производ, ќе одбереме домашен. И ние знаеме и умееме да креираме квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги - вели министерката за финансии Нина Ангеловска.
За странските производи пак, со уредбата повратот се намалува од 15% на 10%, повторно во насока на стимулирање на купување на домашно производство.
Во МојДДВ учествуваат над 290.000 граѓани, кои даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои се донесени, тие ќе се приклучат и во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувувување на работните места на граѓаните.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
