-->
-->
Ангеловски: Да се вратиме во Скопје непоразени
-->
Со многу самодоверба настапија селекторот Игор Ангеловски и репрезентативецот Иван Тричковски на прес конференцијата пред средбата со Албанија во Скадар, вечерва 20.45ч.
Впечаток е дека Македонија е подготвена да ја одигра својата игра против селекцијата на Албанија и затоа нема страв од противникот кој на стадионот „Лоро Боричи“ ќе биде бодрен од 16 илјади грла.
Селекторот Ангеловски дипломатски одговараше на сите новинарски прашања:
„Воспитан сум дека луѓето не треба да ги делам по ниедна основа. Кога се работи за фудбалот постојат само добри и помалку добри фудбалери. На сите оние што се повикани им верувам повеќе од своите очи. Тие се дел од тимот и ние сме среќни што имаме такви фудбалери кај нас. Ова е натпревар како секој натпревар, па подобриот на зелениот терен нека победи“, изјави Ангеловски за кого секој резултат освен пораз ќе биде позитивен.
За играчот од нападот Иван Тричковски, фаворит е селекцијата на Албанија:
„ Сигурно дека ќе биде тежок меч во кој домаќинот е фаворит. Но и ние имаме свои адути и сигурен сум дека секоја шанса што ќе ни се даде за позитивен резултат ќе ја искористиме максимално“- изјави на прес конференцијата Тричковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струга: Агресивно се однесувал во казино, па го нападнал обезбедувањето - Кривична за 33 годишен маж
-
Wing Chun Надеж за Иднината | Si-Fu Ѓоре Костовски | Личен развој | Sitel Podcast 060
-
Гаснењето на пожарот во Чаир отежнато поради големата количина запаливи материјали
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК