Ангеловски: Главата горе, одиме натаму
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, жали за поразот (3:1) од Австрија на дебито на Европското првенство, но не е разочаран и им порача на своите избраници да се фокусираат на следните две средби.
– Имавме сегменти каде што игравме добро, имавме моменти на пад на концентрација, а на вакви натпреварувања кога играте со квалитетни ривали, нормално е противникот тоа да го искористи. Мислам дека клучна беше шансата на Николов што не ја реализиравме при 1:1, а на спротивната страна, Австријците ни дадоа гол. Главата горе, одиме натаму. Има уште два натпревари. Почнуваме да се подготвуваме за следниот меч, против Украина. Немам зборови за атмосферата што ја направија нашите навивачи и жалам што не успеавме да им возвратиме со позитивен резултат. Се надевам дека ќе ги израдуваме на следниот меч.
Средбата со Украина ќе се игра в четврток исто така на „Национална Арена Букурешт“.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект