-->
-->
Ангеловски: Игравме одлично но на крај се памети само резултатот
-->
По синоќешниот пораз од Израел со 2:1 во квалификациите за СП во Русија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски изрази поддршка на своите избраници за прикажаната игра, но и жалење дека црвено-жолтите тоа не го крунисаа со уште еден гол.
„За жал останува да се памети резултатот, а не прикажаната игра. Немам забелешки за ангажираноста и пожртвуваноста на играчите. Жалам што борбеноста и добрата игра не беше крунисана со барем уште еден гол. И на натпреварот со Албанија, како и на овој бевме подобри од противникот, но за жал и двата ги загубивме“, изјави веднаш по натпреварот селекторот Ангеловски.
Иако беше пропуштена голема шанса „рисовите“ да ја прекинат лошата резултатска серија, сепак селекторот Ангеловски смета дека јавноста мора да биде задоволна од прикажаното, и дека конечно среќата ќе ни се насмевне.
„Ќе продолжиме да работиме во овој правец, сметам дека имаме игра. Мислам дека само со работа и упорност среќата конечно ќе ни се насмевне“, дополни Ангеловски.
На крајот Ангеловски изрази благодарност за поддршката која ја даде публиката присутна на арената „Филип Втори“ упатувајќи повик за уште поголема посетеност на следните натпревари.
А, веќе наредниот нареден е дуелот со повеќекратниот светски и европски шампион Италија, и тоа во недела, одново во терминот од 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го стави Коце Трајановски да располага со 600 милиони евра
-
Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело