-->
-->
Ангеловски: Трабзонспор ќе биде вистински предизвик
-->
По пласманот на својата екипа Работнички, во 3.коло од квалификациите на ЛЕ, тренерот на ,, романтичарите", Игор Ангеловски, не го криеше задоволството особено предизвикот кој Работнички ќе го има во двомеч со турскиот тим Трабзон.
„Среќен сум поради пласманот во следното коло, Работнички повторно прави историски резултати и сакам да им честитам на играчите за одличното издание. Постигнавме два брзи гола, бевме доминантни и ја остваривме целта. Сега следува Трабзон, турскиот клуб со големо реноме кој е рамо до рамо со Фенербахче, Галатасарај и со Бешикташ. Во своите редови имаат ѕвезди како Кардозо и Мбиа и сигурно ќе биде убаво да се одмерат силите со еден така силен противник“ – изјави Ангеловски по натпреварот.
Работнички првиот натпревар против Трабзонспор ќе ќе го игра на Филип Втори на 30 јули, реваншот е седум дена подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година