Ангеловски: Требаше порано да ги „решиме“ Летонците
Солидно издание на македонската фудбалска репрезентација на стартот од квалификациите за ЕП 2020 година .Совладана Летонија со 3-1. Следниот натпревар е во недела во Словенија. Селекторот Игор Ангеловски изјави дека според бројните шанси мечот требаше да биде решен многу порано.
„Го остваривме најавеното, создадовме доволен број на шанси и мораше порано да го решиме прашањето на победникот. Не треба да дојде еуфорија и мора да мислиме на вториот натпревар в недела. Горан заслужи да му честитаме со победа и среќен сум што работам со таков капитен. Им посакувам на многу фудбалери да стигнат до оваа бројка, Ељиф знам каков талент поседува и му честитам за двата гола. Убаво беше да се гледа како играме во првиот дел,. Бевме разиграни, создадовме многу шанси за гол и жалам само што не постигнавме трет гол“, изјави селекторот Ангеловски.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар