Анѓушев: Писмото за интерес за учество во Белене испратено, рано е да се зборува за проценти
Северна Македонија изрази интерес за учество во проектот Белене, бидејќи има недостиг од базна енергија, а со тек на времето со искористувањето на јагленот, тоа дополнително ќе се пројавува како проблем.
Ова денеска го изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, во врска со објавата дека ЕСМ е меѓу компаниите кои пројавиле интерес за учество во проектот Белене.
– Во моментов рано е да се зборува за проценти, мислам дека во наредниот период подетално ќе ве информираме за ова на посебна прес-конференција. Сега станува збор само за изразување на подготвеност за соработка, додаде Анѓушев.
Владата доставила писмо за намери за учество во проектот Белене преку ЕСМ, а Анѓушев изминатиот период нагласуваше дека најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба.
Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска на брифинг со новинари истакна дека 13 компании пројавиле интерес за учество во проектот.
-Меѓу оние кои пројавија интерес е и ЕСМ на Северна Македонија за добивање на малцински дел и долгорочно купување на енергија, нагласи Петкова.
Анѓушев по објавувањето на повикот во Служебниот весник на ЕУ, што се случи на почетокот на јуни кажа дека бугарската страна објавила повик, во кој практично бара партнери на тој проект.
-Ние како држава веројатно треба да го видиме нашиот интерес да учествуваме во таков објект, бидејќи со тек на време ние ќе ја губиме нашата базна енергија, немајќи јаглен, изјави тогаш Анѓушев.
Во повикот за Белене се наведува дека се бара заинтересиран стратешки инветитор за откуп на акции и за набавка на струја од централата. Понудите се доставуваа три месеци.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата