-->
-->
Анкара: Амбасадорот на Австралија бил во близина на синоќешната експлозија
-->

Амбасадорот на Австралија во Турција синоќа бил во своето возило и се нашол на само неколку метри од експлозијата во Анкара, во која беа убиени 35 лица, соопшти австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, цитирана од ДПА.
Бишоп објасни, дека амбасадорот Џејмс Ларсен бил во својот автомобил на крстосница, кога бомбата експлодирала на само 20 метри од него.
- Тој е добро, но е шокиран од она што го виде. Не сметаме дека има убиени или повредени странци во нападот, но за тоа се води истрага, изјави Бишоп за телевизијата „Скај њуз“.
- Амбасадорот рече дека глетката била потресна. Тој е добро и сите вработени во Австралиската амбасада во Турција исто така, додаде таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
