Анкара бара екстрадиција на 450 турски државјани од Албанија
- Турските власти доставиле 450 барања за екстрадција на турски државјани од Албанија, но Тирана молчешкум ги отфрла овие барања.
Ова во емисијата „Јава“(Недела) на албанската државна телевизија го изјави аналитичарот Лоренс Ванѓели во дебата за влијанието на неоотоманизмот во Албанија, како тедендеција на надворешната политика на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Од информациите со кои располагам постојат 450 барања за екстрадција на туски државјани со живеалиште во Албанија, доставени од официјална Анкара која ги смета за следбеници на движењето муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Нив Албанија ги отфли молчешкум, изјави Ванѓели.
Како што јави дописникот на МИА, албанскиот истражувач Пиро Миша, кој исто така учествуваше во дебатата, смета дека за прекршителите на законот, Албанија треба да заземе став според законот и меѓународните договори, но оти „не треба да се вмешува во конфликтот меѓу Ердоган и Ѓулен“.
Миша е познат по своите статии во кои ги анализира и се спротвставува на спроведувањето на неоотоманската доктрина во Албанија, која, според него, „излегла на виделина со доаѓањето на власт на Ердоган“.
Според Миша, односите на Албанија со Турција се од особена важност и мора да се развиваат од двете страни, но тоа не значи дека Тирана треба „да даде зелено светло на духовните политики на неоотоманизмот“.
- Тоа би било антиисторско и во спротивност на западната ориентација на големо мнозинство Албанци, смета Миша.
Тој како многу загржувачко го оценува исклучување на лидерите на муслиманската заедница од една активност во Тирана, на која учествувал Ердоган, со образложение дека тие се „ѓуленисти“.
Аналитичарот Преч Зогај се осврна и на најновите тензии во односите меѓу Анкара и Приштина, по екстрадиицјата на шестмина турски државјани од Косово во Турција.
- Имам впечаток дека претседател на една пријателска земја како Турција, господнот Ердоган, е во заблуда со двата политички главни града на Албанците, Тирана и Приштина, рече Зогај.
Тој вели дека заканите на Ердоган кон косовскиот премиер Рамуш Харадинај се неприфатливи и сигурен е дека Тирана нема да екстрадира „ниту еден ѓуленист, без договор со западните партнери, САД и ЕУ“
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
