Анкара: Ни требаа добри односи со Москва за старт на акцијата во Сирија
Турција немаше да може толку лесно воено да напредува во Сирија, ако немаше „позитивен развој“ на односите со Русија, изјави турскиот вицепремиер Нуретин Џаникли.
- Немаше да можеме толку мирно да ја започнеме операцијата „Еуфратски штит“, ако немавме позитивен развој во односите со Русија. нагласи Џаникли за телевиизјата ТГРТ.
Односите меѓу Русија и Турција се влошија минатата есен откако турската противвоздушна одбрана собори руски воен авион над границата со Сирија. Приближувањето меѓу двете земји започна по неуспешниот преврат во Турција во јули годинава, за веќе во август двете земји да поптишат серија договори за соработка и нивните односи значително се подобрија.
Набрзо по попитшувањето на договорите, Турција ја започна операцијата „Еуфратски штит“, чија цел беше потиснување на борците на групата Исламска држва од сириската територија долж границата со Турција, но и помош на туркменските и арапските бунтовнички сили во северна Сирија.
Џаникли во изјавата нагласи дека Турција не отстапила од „својата основна цел во Сирија“ и покрај „продуктивните преговори“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со неговиот руски колега Владимир Путин, со кого разговарал „неколкупати изминатава недела“.
Ердоган во вторникот изјави дека Турција не се од кажува од идејата за смена од власта на сирискиот претседател Башар ел Асад, што е во спротивност со заложбите на Русија, која е најверен сојузник на властите во Дамаск.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека Москва е изненадена од изјавата на Ердоган дека турските сили се присутни во Сирија со цел да го соборат Асад, поради што очекува објаснување од Анкара.
- Оваа изјава е навистина новина за нас. Тоа е сериозна изјава и се разликува од претходните, како и од нашето видување на ситуацијата. Се надеваме дека нашите турски партнери ќе ни дадат некакво објаснување за тоа, истакна Песков.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот