Анкара: Соборените руски пилоти се живи

Турција располага со информации дека двајцата руски пилоти, кои се катапултирале откако нивниот авион Су-24 денеска беше соборен со ракета истрелана од турски ловец Ф-16, се живи, соопшти вечерва во Анкара претставник на турската Влада, кој побарал анонимност.
Тој дополни дека Турција се обидува да ги пронајде пилотите и да ги евакуира, јавија турските медиуми.
Друг анонимен претставник на турските власти во изјава за западни медиуми нагласи дека Анкара се обидува да издејствува ослободување на руските пилоти, кои, според него, се наоѓаат во рацете на сириските бунтовници.
Претходно попладнево турски медиуми објавија дека двајцата пилоти биле ликвидирани од припадници на туркменска бунтовничка група во Сирија.
- Ние ги убивме двајцата пилоти, веднаш по нивното приземјување со падобран, изјавил претставник на оваа бунтовничка група за агенцијата Доган и за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Други извори од редовите на сириските бунтовнци пак тврдат дека по катапултирањето, едниот пилот бил убиен од бунтовничките сили, а другиот се води како исчезнат.
Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва нема никакви информации за судбината на пилотите.
Рускиот Су-24 беше собрен претпладнево од страна на турски ловиец Ф-16, откако, како што тврди Анкара, авионот го нарушил воздушниот простор на Турција.
Руското Министерство за одбрана од своја страна соопшти дека нивниот авион летал во набљудувачка мисија над сириската територија и не го повредил турскиот воздушен прпстор.
Рускиот претседател, кој се наоѓа во посета на Јордан, во Аман изјави дека постапката на Турција претставува „нож забоден во грбот на Русија“ и ја предупреди Анкара на сериозни последици поради соборувањето на авионот.
- Авионот летал над Сирија и бил одалечен четири километри од границата (со Турција), изјави Путин на заедничката прес-конференција со јорданскиот крал Абдула.
Претходно, турскиот премиер Ахмед Давутоглу ја оправда постапката на армијата, објаснувајќи дека Турција мора да ги брани своите граници и својот воздушен простор.
Независни набљудувачи објаснуваат дека рускиот авион паднал во реонот каде живеат припадници туркменската етничка заедница околу планината Туркмен, што се протега низ делови од северна Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
-

Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави
-

Тотенхем ќе купува кај Манчестер Сити
-

Трамп најави „економска војна“ против Иран и се закани со последици за земјите што го поддржуваат
