Анкара: Технологијата на НАСА е застарена
Турските технолози сметаа дека технологијата на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) е застарена, изјави турскиот министер за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу, според кого, изминативе години американската агенција „не дава точни временски прогнози“.
- Што се замислува НАСА? Ние сме подобри од нив, рече Ероглу за време на расправа во турскиот Парламент.
Како пто објави „Хуриет Дејли Њуз“, Ероглу ја даде оваа изјава, откако беше прашан за истражувањето на НАСА, во кое се оценува дека последната суша во Источниот Медитеран е најтешка во последните девет века.
- Тие може да имаат сателити, но ние си го имаме нашиот „Ѓоктурк“, изјави турскиот министер, алудирајќи на турскиот воено-цивилен сателит „Ѓоктурк 2“.
Ероглу оцени дека истржувањата на НАСА се глобални, додека турските се фокусираат на конкретни реони со околу 1.450 метеоролошки станици и радари.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен