Анкета: 66 отсто од Грците сметаат дека земјата оди во погрешна насока
Шест од десет Грци, односно 61 отсто имаат негативен впечаток за Владата, додека пак 66 проценти сметаат дека земјата оди во погрешна насока, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.
На претходната анкета спроведена пред помалку од два месеци 48 отсто сметале дека земјата оди во погрешна, а 44 проценти во правилна насока, додека пак сега, само 28 проценти одговориле позитивно, а дури 66 отсто од анкетираните оценуваат дека Грција е во погрешен правец.
Како најголем проблем со кој се соочува земјата, 29 проценти од анкетираните го споменале покачувањето на цените, а 15 отсто неспособноста на Владата.
На прашањето каков е впечатокот од работата на Владата, 61 отсто одговориле негативен, а 32 проценти позитивен.
Во однос на претстојните избори во СИРИЗА за претседател на партијата, резултатите покажуваат дека е тесна трката меѓу поранешната министерка Ефи Ахциоглу и бизнисменот, кој живее во САД Стефанос Каселакис, а последната битка двајцата ќе ја водат во вториот круг.
Истражувањето на јавното мислење на „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, било спроведено од 11 до 13 септември 2023 година со анкетирано 1.001 лице со право на глас.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори