Анкета: Младите во Европа се поподготвени за големи промени за да се спречи глобалното затоплување
Младите ширум Европа се поподготвени од постарите генерации да направат големи промени во животниот стил за да помогнат во борбата против климатските промени, но се помалку подготвени да преземат помали активности за да ја постигнат таа цел, покажуваат резултатите од анкета спроведена во седум земји.
Истражувањето покажало дека младите се подготвени да имаат помали семејства, да престанат да користат автомобили и, иако во помал број, да станат вегани за да придонесат кон целта за намалување на климатските промени, објави „Гардијан“.
Истовремено, истражувањето покажа дека младите не се подготвени да престанат со употреба на пластика за еднократна употреба, ниту да се посветат на одгледување неколку дрвја.
Анкетата на YouGov за Гардијан, исто така, покажа дека економскиот пад ги погодува надежите на младите луѓе за иднината, а повеќе од половина изјавиле дека се загрижени дека нема да можат да поседуваат дом во следната деценија.
Истражувањето, спроведено во август во Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Шведска, исто така, покажа дека големо малцинство од 18 до 24-годишните сметаат дека економските проблеми би можеле да ги одвратат од создавање семејство во истиот временски рок.
На прашањето какви жртви би биле спремни да направат за да помогнат во борбата против глобалното затоплување, 28 отсто од 18-24-годишните и 30 отсто од 25-34-годишните одговориле дека би биле подготвени или веќе планираат да имаат помалку деца отколку што инаку би сакале.
Кај постарите генерации на тоа прашање потврдно одговориле 19 отсто.
Младите луѓе, исто така, се поподготвени да се откажат од своите автомобили 54 отсто од 18-24-годишните, во споредба со 45 отсто кај постарите од 65 години.
Ново на Сител
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово