Анкета: Намалена поддршката за Трамп
Два месеци по стапувањето на должност на американскиот претседател Доналд Трамп, една анкета покажа дека повеќето Американци не го одобруваат работењето на претседателот.
Анкетата беше спроведена од Националниот центар за истражување на јавното мислење (НОРЦ) по неуспехот за здравствените реформи на републиканците. Таа покажа дека 42 отсто од Американците го одобруваат, а 58 проценти не го одобруваат работењето на Трамп.
Во споредба, во истата фаза од управувањето Барак Обама уживаше поддршка од над 60 процнети од учесниците во анкетата на „Галуп“.
Добрата вест за Трамп е тоа што оценката за постигнувањата во областа на економијата е поделена речиси на половина, а достигнувањата на претседателот во однос на економијата често се клучни за неговиот успех или неуспех.
Ново на Сител
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?