Анкета: „Обичните“ граѓани не можат да влијаат врз надворешната политика
Повеќе од половина жители на Европа и на САД изјавиле дека граѓаните не можат да имаат влијание врз надворешната политика на нивните земји.
Според резултатите од анкетата реализирана од британскиот истражувачки институт „Популус“ за агенцијата „Спутник“, 60 проценти од жителите на Источна Европа и 57 отсто од граѓаните на Западна Европа изјавиле дека „обичните“ луѓе не можат да влијаат врз надворешната политика на нивните држави. Само пет проценти од испитаниците одговориле дека граѓаните може да имаат влијание.
Најголем процент на граѓани кои не веруваат дека можат да влијаат врз националната надворешна политика регистрирани се во Бугарија - 83 отсто. Во Велика Британија 55 проценти, во Германија - 55, во Франција - 51, а во Полска 63 проценти од исптаниците изјавиле дека не можат да влијаат на надворешната политика.
Во САД нивниот процент е помал и изнесува 41, додека 38 отсто изјавиле дека граѓаните можат да влијаат на американската надворешна политика. Само 14 проценти изјавиле дека граѓаните може да имаат значително влиијание врз надворешната политика, што е речиси за три пати повеќе во споредба со Европа.
Анкатета е спроведена од 25 септември до 15 октомври при што се испитан 8.000 луѓе, по илјада од секоја од следните држави - Велика Британија, САД, Германија, Франција, Бугарија, Унгарија, Чешка и Полска.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски