-->
-->
Анкета: Општата болница Kочани со позитивни резултати во повеќе сегменти
-->
Во анкетата што ја спроведе Министерството за здравство, во Општата болница Кочани се истакнати позитивни резултати во работењето во повеќе сегменти, беше речено денеска на прес-конференција.
Според анекетата, како што нагласи директорот на Болницата Дејан Апсотолов, 61,3 отсто од испитаниците се задоволни од достапноста на лекарите, 73,3 проценти од пациентите се задоволни од стручноста на лекарите, 86,2 отсто се задоволни од односот на шалтерските работници, 60 проценти од условите во болничките соби, 70 отсто од болничката нега што ја пружаат лекарите, 65,3 проценти се задоволни генерално од односот на лекарите и останатиот персонал и 55,4 отсто се задоволни од медицинската нега во болниците.
- Овие параметри се должат на континуираното инвестирање од страна на Министерството за здравство и менаџментот во Болницата, при што има подобрување во делот на опремата, човечките ресурси и инфраструктуреата, истакна Апостолов.
Во делот на човечките ресурси од 2007 година до денес се вработени 69 лица од кои девет лекари, пет специјалисти и четири лекари се на специјализација. Исто така во текот на изминатите години е набавена и повеќекратна опрема вредна три милиони денари.
Апсотолов додаде дека е набавен и дигитален мамограф кој е ставен во функција и првите термини треба да бидат креирани од 1 демеври оваа година. Набавени се и три санитетски возила од кои едно е донација од бизнис секторот на Кочани, а две возила се купени со сопствени средства на болницата.
Во 2014 година реконструирано е парното греење во Општа болница инвестиција вредна шест милиони денари, како и е остварена донација од Германската абасада и приватни лица и компании. Општа болница Кочани, рече Апостолов, е единствената болница во Македонија која го има имплементирано ИСО стандардот 9001/2008.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава
-
Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола
-
ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
-
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства на починатите и на 99 на повредените лица во пожарот во Кочани
-
„Фич“: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата
-
УСС УКИМ апелира за подобрување на безбедноста во студентските домови и објектите на универзитетот
-
Престрогото родителство ѝ штети на младата личност во развој
-
Видевски не се сеќава каде го однел својот пиштол и ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче