Анкета: Премиерот Пленковиќ најнегативен хрватски политичар

На врвот на листата на најнегативно оценети хрватски политичари се наоѓа премиерот Андреј Пленковиќ, а претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ е меѓу првите тројца, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Промоција плус“.
Анкетата покажала пораст на популарноста на новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ и политичката платформа Можеме, пад на рејтингот на претседателот Зоран Милановиќ и силна прва позиција на ХДЗ.
Една година од последните парламентарни избори во Хрватска, ХДЗ е сè уште водечка политичка партија, а според резултатите од анкетата спроведена овој месец, неа ја поддржуваат 27,4 проценти од испитаниците, што покажува дека оваа партија има голема предност во однос на политичката конкуренција , пренесува загрепскиот „Јутарњи лист“.
На второ место се уште се наоѓа СДП со поддршка од 18,7 проценти, што е 0,2 отсто помалку отколку во јуни, но истражувањето покажува дека СДП сериозно се приближува кон коалицијата Можеме, која забележа зголемување на популарноста и поддршката од 16,9 проценти од испитаниците, односно 3,5 проценти повеќе отколку минатиот месец.
И покрај падот на рејтингот, Татковинското движење на Мирослав Шкоро се наоѓа на четвртото место, со поддршка од 6,4 проценти од испитаниците, што е 1,8 проценти помалку отколку во јуни, а Мост е на петтото место со 4,8 проценти поддршка.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
