Анкета: Вучиќ би победил на претседателски избори ако се кандидира уште во првиот круг
За Александар Вучиќ, доколку се кандидира за претседател на изборите, би гласале 55,2 отсто гласачи, додека за Томислав Николиќ, ако тој биде кандидат на СНС, би гласале 36,2, се вели во резултати од анкета на Фактор плус.
Во анкетата биле понудени две евентуални сценарија – во случај кандидат на СНС да биде Вучиќ и случај ако кандидат биде Николиќ.
Во првиот случај, Вучиќ би освоил во првиот крг 55,2 отсто гласови, додека на второ и трето место би биле Вук Јеремиќ односно Воислав Шешељ со 12,1 отсто.
Во второто сценарио, ако за СНС се кандидира Николиќ, актуелниот претседател би добил 36,2 отсто гласови, Јеремиќ би бил втор со 13 отсто и Шешељ со 12,5 отсто. Четврти би бил Ивица Дачиќ со 10,8.
Во врска со парламентарни избори, во анкетата најногу гласови добила СНС со рејтинг од 51,2 отсто, следува СПС со 10,5 отсто, СРС со 8,7 отсто...
Речиси половината испитаници – 48 отсто, сметаат дека исходот од претседателските избори не може да предизвика промени во политичката сцена на Србија.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите