Ансамблот „Танец“ со концерт ќе одбележи 70 години постоење
Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” денеска ќе одбележи 70 години од формирањето. По тој повод, ансамблот вечер ќе одржи концерт во Националната опера и балет.
Пред почетокот на концертот, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев и директорот на НУ ансамбл „Танец”, Мартин Вучиќ.
Асамблот „Танец“ официјално е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Богатото фолклорно наследство, песните и ората од државава, „Танец“ ги презентирал на голем број светски сцени и има добиено многу награди и признанија. Ансамблот учествувал на повеќе од 4.500 концерти во земјата и во светот пред околу осум милиони гледачи.
Репертоарот на „Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското”, „Тешкото”, „Комитско”, „Чифте Чамче”, „Осоговка”…
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата