Антиќ: Се трудиме да обезбедиме што повеќе клубови да излезат на меѓународна сцена
Претседателот на Кошаркарската федерација на С. Македонија, Перо Антиќ во интервју за сајтот на федерацијата изјави дека се залага што поголем број македонски екипи да играат на меѓународна сцена.
Обезбедени се четири места во ФИБА преку Лигата на шампионите и по две АБА 2 и БИБЛ. Останува шансата МЗТ Скопје да заигра во АБА 1, а во тек се и преговори за формирање заедничка лига со Бугарија, Србија и Грција.
– Сите во Федерацијата напорно работиме за да се оствари ова и би сакале да се искористи шансата. И не е само тоа, туку се обидуваме да истуркаме уште една екипа во АБА 2 со специјална покана. Од општ интерес на македонската кошарка е да имаме колку е можно повеќе претставници на меѓународна сцена, затоа правиме напори да бидеме инволвирани и да излеземе во пресрет на сите што им треба помош.
Добро е да се вклучи и државата затоа што знаеме дека на сите им се потребни пари за да егзистираат и бележат успеси. Им помагаме на клубовите и во врска со ваучерите, бидејќи некои не успеваат во целост да ги искористат средствата кои ги нуди овој систем. А јасно е колку се тие потребни, особено ако сакаат да играат надвор од земјава, потенцира Антиќ.
За одлуката да се прекине првенството во Првата лига мажи, без испаѓање во понизок ранг и острите критики од страна на ланскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, Антиќ вели:
– Жал ми е што луѓето од МЗТ Скопје Аеродром така се однесуваа(т) кон нас. Почнаа војна, не дојдоа ни на разговор. Од нас немаше ниеден одговор, односно каква било провокација кон клубот. Дури и тогаш кога за мене зборуваа дека не постојам, и дека не сакаат никаква комуникација со федерацијата. Сите што сме инволвирани, треба да знаеме дека кошарката не почнала од нас и дека таа ќе се игра и откако ќе си заминеме од функциите. Единствено што сакам, уште еднаш да нагласам, дека треба да работиме за општото добро, за доброто на македонската кошарка, за сите да имаме бенефит, вели Антиќ во интервјуто за КФСМ.
Ново на Сител
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата