Антивоени протести ширум Русија, уапсени повеќе од 170 демонстранти
Повеќе од 170 луѓе се уапсени ширум Русија откако протестираа поради руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација специјализирана за следење апсења во земјата ОВД-Инфо.
– Повеќе од 178 лица се уапсени во 15 руски градови, се наведува во соопштението на невладината организација.
На социјалните мрежи денеска беа најавени антивоени протести во триесетина руски градови, од Владивосток до Сочи.
Организаторите истакнаа дека сакаат да изразат незадоволство поради „колапсот на руската економија“ и да протестираат „против рускиот претседател Владимир Путин“ и се залагаат за ослободување од затвор на неговиот противкандидат Алексеј Навални.
Во соопштението на организаторите на протестите се посочува дека „Русија заслужува мир, демократија и просперитет“.
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
