Тенис
27. January 2016 - 9:50

AO: Конта – Кербер во второто полуфинале

 
Британката Јохана Конта и Германката Анџелике Кербер ќе играат во полуфиналето на Грен слемот Австралија Опен. Тие ноќеска беа подобри од своите ривалки во четвртфиналната фаза.
 
Конта со 2-0 беше подобра од Кинеската Шуаи Женг. По сетови резултатот беше 6:4 и 6:1. За британската тенисерка пласманот во полуфиналето е најголем успех во нејзината кариера.
 
Со ист резултат 2-0 во сетови Кербер ја победи Викторија Азаренка од Белорусија. Првиот сет заврши 6:3, а во вториот се водеше поголема борба за на крајот Германката да излезе како победничка со 7:5.
 
Претходно пласман во полуфиналето на турнирот во Мелбурн обезбедија Серена Вилијамс и Агнешка Радванска.