-->
-->
AO: Победи на првите носители
-->
Бранителите на титулите на првиот Грен слем турнир во сезоната, Новак Ѓоковиќ во машка и Серена Вилијамс во женска конкуренција, со максимални победи го започнаа учеството на Аустралиан Опен.
Ѓоковиќ, во првото коло, рутунски славеше над тенисерот од Јужна Кореа, Хјеон Чунг со 3:0 (6:3, 6:2, 6:4). Мечот траеше нешто помалку од два часа, а на крајот Ѓоковиќ имаше 40 винери и 27 неизнудени грешки, додека тој однос кај Чунг беше 16/29.
Серена Вилијамс на стартот извојува тешка победа над Италијанката Камила Џорди. Американката славеше со 2:0 (6:4, 7:5), во меч во кој сервираше девет асови, а имаше и 19 винери и 22 неизнудени грешки.
Првото коло во машка конкуренција го минаа Гофан, Нишикори, Тим, Андухар, Алмагро, Бердих, Чилиќ, Гарсија-Лопез, Симон и Долгополов.
Кај дамите, во второто коло минаа Квитова, Суарез-Наваро, Младеновиќ, Радванска, Винчи, Бенчиќ, Никулеску, Кузњецова.
Првиот Грен слем во сезоната, кој во понеделникот започна во Мелбурн, се игра за награден фонд од 44 милиони долари.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
