Апасиев: Никогаш нема да има уставни измени

Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени.
-Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Навистина е излишно материјална расправа по оваа прашање, рече Апасиев.
Тој ја обвини власта дека не обезбедила никакви државнички гаранции и посочи дека Бугарија и други земји можат да ни стават вета на патот кон ЕУ.
-Што е најтрагично, не обезбедивте никакви државнички гаранции дека нема да има нови вета и тоа не само од Бугарија. Бугарија има уште 35 пати шанса да ни стави вето и ќе ни стави. Ќе ни стават и други земји. Сето она што ние денес го зборуваме е една обична козметика знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да не навикнете на порази, рече тој.
Според Апасиев никој не говори за правните последици кои ќе произлегуваат од процесот на уставните измени, а не само внесување на Бугарите во нашиот Устав.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
