Апел за помош: Изгоре куќа на четиричлено семејство во Скопско Поле
Семејство со две дечиња од скопската населба Гоце Делчев остана без кров над глава откако пред два дена во пожар им изгоре семејната куќа.
Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи кои се наоѓаат во околината.
Семејството Марковски преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.
- За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува, стои во објавата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
