Апел за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Мароко
Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8 септември, предизивика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе. Мароканската Црвена полумесечина реагираше веднаш, обезбедувајќи прва помош и психо - социјална поддршка, помагајќи во транспортот на повредените во болниците, евакуацијата на луѓето од оштетените згради.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената Полумесечина објави Апел за помош во висина од 100 милиони CHF за поддршка на Мароканската Црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош.
Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети, и се вклучува во објавениот Апел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Мароко.
- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Црвен крст на РСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага