Апелација расправа за жалбите за „Тендери“
Апелацискиот суд денеска на јавна седница ги разгледуваше жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска која е обвинета во предметот „Тендери“ на СЈО за злоупотреба на службената положба и овластување.
Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, побара притвор за да се обезбеди нејзино присуство и заради ефикасност на постапката. Тој побара судиите да ја ценат и висината на предвидената казна за кривичното дело за кое е обвинета.
Канческа-Милевска, пак, изјави дека е изненадена од барањето за мерката притвор. Според неа, не може да стане збор за попречување на постапката. Тврди дека секогаш се јавувала на поканите на СЈО и оти не е виновна за делата за кои е обвинета.
Канческа - Милевска пред Апелацискиот суд се жалеше на одземањето на нејзинот пасош, а СЈО за неопределување на мерката притвор. Случајот „Тендери“ се однесува на набавките поврзани со изградбата на Музејот на ВМРО.
Апелацискиот суд денеска треба да расправа за жалбите на уште две лица обвинети во „Тендери“. За едното СЈО бара притвор, а за друготот мерки за претпазливост.
Апелацискиот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.
Ново на Сител
-
Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година
-
Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
-
Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег
-
Без вода дел од улица „Ленинова“
-
Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица