Апостолова: ЕУ нема да се откаже од двата услови за Косово
Европската унија со ниту една политичка одлука нема да се откаже од двата услова кои Приштина мора да ги исполни за да добие визна либерализација.
Европската унија со ниту една политичка одлука нема да се откаже од двата услова кои Приштина мора да ги исполни за да добие визна либерализација, изјави шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова. Taa потсети дека тоа се демаркацијата на границата со Црна Гора и борбата против организираниот криминал.
Aпостолова истакна дека ЕУ не предлага решенија за демаркацијата, но, како што рече, „неопходно е тоа да се реши меѓу Црна Гора и Косово и да се побара Договорот што поскоро да се изгласа во парламентот".
- Потенцирам дека за нас е најважен крајниот резултат. Мораме да имаме изгласана демаркација. Ако двете држави одлучат да направат различни договори, тоа е нивна работа. Но, мора да бидете свесни дека без дефинитивно решение за демаркација и постигнувања во борбата против корупцијата, Европската унија нема да донесе ниту една политичка одлука за да се откаже од овие два услова, рече меѓу другото, Апостолова во интервју за приштински „Зери".
Ново на Сител
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер