Априлијада „Скопје се смее“
Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“ по повод 1 Април - Денот на шегата ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
За забавата со маски, балони, песнички и игри се задолжени секцијата за модерен балет и фолклорната секција на Детскиот културен центар „Карпош“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.
Манифестацијата, во организација на ДКЦ Карпош, ја финансира Град Скопје, а според најавата ќе ја отвори градоначалникот Петре Шилегов
По детската журка на плоштадот „Македонија“ од 20 до 23:30 часот ќе има првоаприлска ноќна забава со настапи на ВИС АМАНЕТ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Александар Митевски, трио “Шербет“, Елита Зибери, група - „Live Band”,DJ Ampov,,,,,.
По повод 1 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава отвори конкурси за основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им бидат доделени награди и дипломи.
Во вечерниот дел на манифестацијата на бината ќе продефилираат со групни маски ученици од средни училишта од Скопје и околината, а за најдобрата групна маска следува вредна награда.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно