Априлијада во општина Илинден
Во спортската сала „Гоце Делчев“, во организација на Општина Илинден, се одржа традиционалната 12-та по ред Априлијада.
Со разновидни маски, песни и весел детски џагор учениците од основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и „Ристо Крле“, како и дечињата од градинката „Гоце Делчев“ го одбележаа Светскиот ден на шегата 1-ви Април.
- И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските. Во спортската сала „Гоце Делчев“ буквално оживеаја бројни ликови од детските приказни, од бајките, јунаци од стриповите. Спајдермени и бетмени, принцези, невести, црвенкапи и вештерки, полицајци и војници, лекари, пекари, пирати, возачи на формула 1, кловнови, шеици, вампири..., се вели во соопштението од општина Илинден.
Веселата атмосфера во Спортската сала била збогатена Мини Маус и магионичарот Алекс, измамувајќи бројни аплаузи.
Традиционално Општина Илинден ги награди најзабавната, најкреативната и најсмешната маска од секое училиште и детската градинка.
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ