Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел

Условите на примирјето меѓу САД и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.
„Условите меѓу Иран и САД се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел. Не можат да ги имаат и двете“, напиша денеска Арагчи на својот профил на Икс.
Тој истакна дека целиот свет ги гледа масакрите во Либан.
„Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држат до своите обврски“, рече Арагчи.
Претходно, Иран прогласи „историска и разорна победа“ над САД и Израел по 40 дена војна, велејќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој вклучувал прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските борбени сили од регионот.
И покрај прекинот на огнот, израелските сили започнаа жестоки напади врз Либан, погодувајќи 100 цели во рок од 10 минути.
МИА
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
