Арапската лига го отфрла курдскиот федерален проект во Сирија

Арапската лига го отфрли курдскиот федерален проект во Сирија и соопшти дека „слични сепаратистички повици можат да влијаат на единството на Сирија“, пренесува БТА.
Сириските Курди и нивните сојузници во четвртокот прогласија „федерален систем“, кој ги обединува зоните кои се под нивна контрола во северниот дел на земјата.
Оваа иницијатива која потсетува на фактичка автономија, беше веднаш отфрлена од страна на опозицијата и од сирискиот режим, кои преговараат во Женева во обид да најдат политичко решение за конфликтот кој е започнат пред пет години, и во кој загинаа над 270.000 луѓе.
- Единството и територијалниот интегритет на Сирија се основен принцип за Арапската лига, изјави во Каиро заменикот-генерален секретар на организацијата Ахмед бен Хели.
Сириските Курди контролираат 14 отсто од територијата на земјата и три четвртини од границата меѓу Сирија и Турција. Тие не учествуваат во преговорите во Женева пред се поради големото противење на Турција. Анкара ги смета нивните сили за терористички и стравува од влијанието на курдското малцинство на нејзината територија.
Курдскиот проект во Сирија има за цел да ги обедини трите курдски кантони Џазира, Кобане и Африн и областите во Северна Сирија, кои се освоени од страна на курдските сили.
САД ги поддржуваат сириските Курди во нивната борба против Исламската држава, но ги предупредува дека нема да признае единствен автономен курдски регион во Сирија.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
