-->
-->
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-->

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо го известил раководството на клубот дека сака да си замине, пренесе „Мундо Депортиво“. 25-годишниот фудбалер е баран од Јувентус и изрази желба Каталонците да ја слушнат понудата на „бјанконерите“ за него.
Тренерот на „блауграна“, Ханси Флик, е заинтересиран за Араухо, но Уругваецот сепак е решен да си замине. Тој нема да ја прифати понудата на Барселона за нов договор, а неговата желба е што поскоро да биде трансфериран.
Се тврди дека каталонскиот гигант нема да се раздели со Араухо за помалку од 70 милиони евра. Неговиот договор е до летото 2026 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
