-->
-->
Аризона и Невада би можеле да го одлучат победникот во трката за американскиот Сенат
-->
Вниманието на американската јавност во наредните денови ќе биде насочено кон Аризона и Невада, каде со неизброените гласови може да се одговори на прашањето „кој ќе ја преземе контролата врз американскиот Сенат“.
За да освојат мнозинство, и демократите и републиканците мора да победат во двете држави.
Доколку дојде до поделба на мандатите, одлуката ќе биде донесена со исходот од вториот круг од изборите во Џорџија, закажан за 6 декември.
Републиканците се поблиску до преземање на контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот бидејќи досега обезбедија најмалку 211 од 218 места што им се потребни за мнозинство, додека демократите освоија 197.
Официјални лица во двете држави рекоа дека пребројувањето на гласовите може да потрае, така што исходот од трката за Сенатот не се очекува да биде познат уште неколку дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
